Минијатурен стан од 31 квадрат



Овој микроапартаман од 31 квадратни метри се наоѓа во Менхетен, Њујорк. Клиентот на студиото Allen + Killcoyne Architects е пензионер од Далас, кој се преселил во градот, за да биде блиску до ќерката и внуците, кои живеат во истата зграда.


Станот е создаден од архитектите во одговор на неговото барање за “чист, едноставен, елегантен и безвременски” дом. Студиото се состои од одделни, меѓусебно поврзани зони за живеење, јадење, работа и спиење.

Креветот е вовлечен зад преградата, и ја штити зоната за спиење од љубопитните погледи. Телевизорот е скриен во таванот.


Ѕидовите на бањата се покриени со огледала кои го рефлектираат просторот и го прават да просторот да изгледа поголем. Во неа дури се вклопува туш кабина. Осветлувањето во сите простории е вградено во таванот.