Милена Лунеска: Пресуда



Автор: Милена Лунеска


Храбри војници што марширате под знамето на радоста,

заробете ги моите црни мисли,


одземете го сивилото,

како воен плен запленете го црнилото!


Врзете ги, осудете ги!

– за сите лузна во душава, насадени трња во срцево.

Фрлете ги на колена пред олтарот,

без дозвола за молитва и покајение!

И во име на сите изумрени желби,

смртно, казнете ги!