Патувајте мисли, таму далеку
кај што не допреле мечтите,
ниту зачекориле желбите мои!
Патувајте лесно и духовно спремни,
немате багажшто ве мачи и ви тежи,
одамна ослободени сте од прерасуди и стеги!
Во подсвеста носете го само срцево,
како компас, на сигурно да ве води!
Патувајте мисли мои,
газете гордо и цврсто по облаците,
дружете се со ѕвездите,
прегрнете ги сите…една од нив е и моја!
Но пред Месечината, … поклонете се,
на велечината нејзина…оддадете достоен почит!
Патувајте..
и ако ноќта вие малку, земете од денот!
Дозволете Сонцето да ве погледне,
допре, да ве знае!
Соголени, без никакви тајни,
во морето светлина, заедно со виножита,
капете се среќни,
невино, како мали деца,
во спектарот од бои чистете се од лошо!
Огреани, просветлени, продолжете напред…
На пристаништата со име Среќа,
пазарете со очи, плаќајтесо љубов,
купувајте радост и насмевки од добри луѓе,
подароци за душава, што назад спокојно ве чека!
Пред вратите отворени за пречек,
запрете, споделете од богаството наше,
на секоја добрина ставете белег,
потпис и печат, со името мое!