Мијте ја косата со домашен шампон од 3 природни производи



За да го подготвиме овој корисен домашен шампон, ни требаат само 3 природни производи: 1 банана, 1 јајце и 1 лимон. По желба може да додадете 1 ампула витамини B6 или B12, како и неколку капки етерично масло.


Излупете ја бананата. Исцедете го целиот сок од лимони, а од јајцето користете ја само жолчката. Сето ова измешајте го на блендер. Потоа додадете ги витамините и маслото, ако сте решиле да ги користите.

Готовиот природен шампон се чува во фрижидер. Може да го користите еднаш на секои 3 миења на косата со синтетички шампон. Резултатот од него ќе ве изненади исклучително пријатно. Косата навистина ќе ви биде чиста и сјајна, освен тоа по неа не останува трага од нечистотијата или маснотијата. Само треба да ја плакнете косата многу темелно.


Во останатото време може да ја користите смесата и како хранлива маска за коса. Нанесувајте ја 30 минути на мокра коса, потоа исплакнете со масажни движења.