Мијте ги често рацете, кога сте во канцеларија



Не заборавајте редовно да ги миете рацете во времето поминато во канцеларија. Само една инфицирана рачка на вратата на работното место може да зарази меѓу 40 и 60 проценти од колективот за два часа. Тоа го покажа американско истражување, пренесува весникот The Daily Mail.


Притискањето на копчињата на лифтот и допирот до телефонските слушалки исто воопшто не се безопасни. Работодавците треба добро да сфатат дека се наметнува честа употреба на средствата за дезинфекција во работните и мокрите простории, освен мерките за лична хигиена на вработените.

На секои два часа истражувачите тестирале површини, способни да прифатат инфективни организми – клучеви за осветлување, копчиња на лифтови, чашки за кафе, компјутери, телефони и др.


Според авторот на студијата д-р Чарлс Џерба заразата се ширела многу брзо во канцелариите, но лесно може да биде избегната. Потребни се само неколку миења на рацете на вработените со антибактериски препарати. Така може да се ликвидира ширењето на норовируса од 80 до 90 проценти.

„Многу луѓе мислат дека кашлањето и кивањето ги шират вирусите, коментира д-р Џерба. Но, повеќето сериозни извори на зараза се многубројните копчиња кои се пипаат во канцеларија – на оние на компјутерите и на телефоните”