
Кожата на лицето е невозможно совршено да ја исчистите со препаратите за чистење и нега, но затоа тука е парење на лицето, престара метода за нега која ние скоро целосно сме ја заборавиле.
Руска водителка на MTV- Анита Бхоумик нѐ потсети на методот со парење на лицето, заради кој има совршено чисто лице.
„За да ги отворите порите, ставете ја главата под пешкир и над врела вода на неколку минути.
Но, бидете внимателни, не смеете да се изложите премногу за да не си го изгорите лицето.
После тоа, нанесете маска на лицето. Резултатот е многу поголем затоа што порите ви се отворени“, објаснила водителката.
Парење на лицето го користеле и старите Римјани. Придобивките се многубројни- ги отвара порите, помага против појава на акни и проблематичен тен и ја подобрува циркулацијата.
Страни: 1 2