Метеролозите со страшна прогноза: иде лута зима, рекорден студ ќе ја закова Европа!



Неколку метеоролошки служби ширум светот веќе соопштија дека зимата 2016-2017 година ќе биде исклучително сурова во Европа, пишува сајтот new-glance.com. Треба да очекуваме големи мразови, рекордни за последните сто години.


Синоптичарите ја направиле прогнозата врз основа на проценката на климатските индекси.

Во значаен дел од времето ќе преовладува пренос на воздушни маси од север кон северо-исток, а исто така и од Арктикот.


Научниците истакнуваат дека оваа прогноза ќе се прецизира во следните два месеци и потсетуваат дека последните 20 зими биле доволно топли.