МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА



Здравје – Здравјето овој месец ќе ви биде променливо, па затоа внимавајте и чувајте се.


Лав – Искористете го сонцето во вашето поле на финансии и ќе бидете добро наградени. Потребно е да вложите труд и иницијатива, а не да очекувате работите да ви паднат од небо. Доста лоша енергија е околу вас и вашето поле на работење. Одлично е човек да ве има како колега и соработник. Финансиски стоите лошо, но на крајот на месецот ќе ви се покаже шанса, па ќе заработите добри пари. Ситуацијата на љубовен план овој месец ви донесува доста убави моменти со саканата личност. Само доколку вашата сакана личност е Лав, тогаш ќе дојде до расправии, но нема да има некои сериозни последици.

Здравје – Силни сте и отпорни, внимавајте на себе и се’  ќе биде во ред.


Девица – Сонцето ви е одличен пријател и овој месец, драги Девици. И понатаму на сила е вашето его, и моќта која ја емитува. А и моќта која влијае врз другите. Септември е месец полн со предизвици, па морате да внимавате нешто да не испуштите. Периодот на годишен одмор заврши и сега е време да се препуштите на работата. Во вториот дел од месецот очекувајте финансиски бум. Моќта на сонцето на вашето љубовно поле ви дава одлични зраци, меѓутоа и покрај тоа, нема да имате некои возбудливи моменти во текот на овој месец. Летната романса ќе стагнира. За оние кои се слободни, за нив не постои депресија овој месец. Поголемиот дел од припадниците на овој знак ќе играат симпатична игра со еден симпатија и ќе уживаат во неа.

Здравје – Астматичарите и сите кои имаат проблем со респираторните органи ќе треба да бидат повнимателни.


Вага – Драги Ваги, септември е месец во кој ќе ви се случуваат важни пресврти, нагли скокови во сите аспекти на животот и воглавно работите ќе одат на подобро. Силната енергија која ја испраќа сонцето, ви помага да ги надминете сите препреки. Финансиите стагнираат од почетокот на месецот, меѓутоа доаѓа подобрување на банкарските сметки во втората декада од месецот. На љубовен план, Венера ќе доминира со вашето поле и ќе предизвика да сте незадоволни во врската. Доколку сте слободни, овој месец ќе им бидете и тоа како привлечни на спротивниот пол, особено Вагите кои во последно време видно се разубавија, кои работеа на себеси и кои знаат како да привлечат внимание.

Здравје –
Поактивни сте од порано, па затоа здравјето ви е и повеќе од одлично.

Шкорпија – Овој месец е ваш; во вистинска смисла на зборот. Ќе имате напредок во работата, а вашите непријатели нема да можат да го игнорираат успехот бидејќи ќе пристигнуваат пофалби од сите страни. Невработените овој месец нека се фрлат во барање на работа, ова е вистинско време за вакво нешто. Вашето незадоволство ќе биде минато, па затоа не бидете песимисти. Доколку сте во врска, овој месец ќе ви донесе мали проблеми на емотивен план, во однос на вашиот партнер. Во вашата врска ќе преовладува мала несигурност, неизвесност за иднината и сите други промени. За слободните, оној кој го сметате за најдобар пријател, има задни намери.

Здравје – Здравјето ќе биде добро во текот на поголемиот дел од месецот, а при крајот се можни проблеми со алергија.

Стрелец – Септември е ваш месец. Ако сега не направите нешто поради кое ќе се гордеете, тогаш нема да го направите ни до крајот на оваа година. Имате поддршка од Јупитер во вашата куќа на работата, а Јупитер е познат само по добро, такашто нема да имате никакви препреки во финансиите. Рацете ви се одврзани и можете да работите се’ што досега сте сакале, а не сте можеле или не сте постигнале. Не се плашете од експериментирање, слободно започнете да се занимавате со нешто ново, започнете со необични проекти и ќе ја добиете заслужената награда. На љубовен план ве очекува турбулентен месец; во текот на првите 10 дена ќе бидете скоцентрирани на семејни работи, а со самото тоа ќе имате помалку време за партнерот. Ако сте слободни, можно е познанство во текот на овој месец, но познанството нема да биде долготрајна љубов.

Здравје – Она што ви е потребно е сон.

Страни: 1 2 3