Месечен хороскоп април 2015 година



Oвен


Ова е месец кој воглавно ви припаѓа вам и може да се подели на два периоди: поубавиот, кој трае до роденденот и оној помалку убав кој се однесува на периодот од роденденот па се’ до крајот на месецот.

Сонцето во вашиот знак ќе донесе позитивна енергија која ќе го замени лошото расположение во изминатите три месеци. Доколку работите систематски, а не набрзина, тогаш ве очекуваат и неколку успеси во овој месец. Како и да е, април ветува добра заработка. Клучните зборови за овој месец се: активност, договори и стрес. Ова е одличен период за ослободување од негативната енергија во домот и кариерата. На здравствен план доаѓа до подобрување.


Бидејќи сте на лизгав терен, бидете спремни некои активности да ги повторите повеќе пати за да го постигнете посакуваниот ефект. На емотивен план добри вести: Наредниот период ќе биде преполн со ситуации од кои ќе научите да го привлечете вниманието на спротивниот пол. Оние кои се слободни ќе мораат да обрнат внимание на неискреноста на личноста што ја сакаат.

Бик


Месецов во никој случај не треба да го запоставувате вашето здравје. Бидете претпазливи и доколку чувствувате дека нешто не е како што треба, веднаш посетете лекар. Не кревајте тешки предмети.

Овој месец е одлична можност за сумирање на постигнатите резултати како и за планирање на идните активности. Ова не е време кога треба да започнете со нов проект бидејќи ќе се соочите со непредвидени потешкотии и проблеми.

На љубовен план некој Стрелец ќе се појави во вашиот живот и со него може да имате кратка и бурна афера. За слободните Бикови, во фокусот ќе се појави Водолија, а потоа Риби.

Страни: 1 2 3