
Менопаузата е крајот на менструацијата кај жените. Менопаузата е природен биолошки процес, а не болест. Таа е поврзана со хормонални, физички и психосоцијални промени, но во никој случај тоа не е крај на вашата младост и сексуалност.
Денес поголемиот дел од жените ги поминуваат едни од најубавите моменти по менопаузата.
Кај секоја жена менопаузата се одвива на различен начин. Различна е и возраста, при која почнува. Некои жени стигнуваат до неа на 30 години, а други на 50. Обично и нејзините симптоми се строго индивидуални. Тие можат да бидат:
– Нередовна менструација. Менструалните циклуси можат да престанат одеднаш или постепено, да стануваат оскудни или обилни, а потоа да престанат целосно.
– Болки во текот на сексуалниот однос. Болките во текот на сексуалниот однос кои се предизвикани од истенчување на ткивата на вагината и загубата на влажност, се должи најчесто на намаленото ниво на естроген.
– Топли бранови. Падот на нивото на естроген и проширувањето на крвните садови, доведува до зголемување на температурата на кожата. Жешките бранови обично траат неколку минути.
За среќа, повеќето од симптомите поврзани со менопаузата се привремени. Покрај консултации со лекар, има работи кои може да ги направите и сами, со тоа што ќе почнете да се храните здраво, ќе престанете да пушите и пиете алкохол, ќе спиете повеќе, ќе го намалите стресот