Медицинско лице: Дојде ред и јас нешто да кажам и верувам дека зборувам во име на сите колеги…



Дојде ред и јас нешто да кажам и верувам дека зборувам во име на сите колеги. Од кога работам во итната служба сум се наслушала секакви критики за нашата работа и секогаш сум велела дека е под ниво да се одговори на злонамерни зборови, меѓутоа во една стресна ситуација за сите нас дојде ред да се кажат „два збора“.


Како функционира брзата помош: да тие што ќе се јават мора да дадат точна адреса а не асоцијации од типот кај мостот, кај продавницата, зад кошот. Не ретки се грешните податоци околу локацијата кои се причина да залудно лутаме, затоа и се препрашува затоа и се инситира на податоци. Да, прашуваме за болеста, симптоми и годините затоа што не е исто возрасно лице со нов напад на вртоглавица и 40 годишен со градна болка или 14 годишна со менструални болки и дедо со мозочен удар.

Тоа се вика ТРИЈАЖА и е суровата реалност на оваа професија и тежината со која ние се соочуваме секој ден и одлуките кои мора да ги носиме. Да некогаш и 3 и 5 екипи да ги има, не се доволни затоа што за сите нивната состојба е најургентна. Често пати се слушаат критики од типот ете ги пијат кафе, ете ги купуваат јадење… Да, ние сме живи луѓе потребна ни е и храна и одмор и пауза.


Продолжува на следната страна:

Страни: 1 2