МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СПАСУВА НЕДОНОСЕНО БЕБЕ, ПА ТИЕ СТАНУВААТ КОЛЕГИ ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ



Медицинска сестра открила дека се грижела за колегата кога тој бил бебе и со мали шанси да преживее.


Вилма Вонг, која работи во детската болница Лусил Пакард во Стенфорд повеќе од 32 години, го запознала својот нов колега Брендон Семинатор (28) во август. Педијатар со диплома по педијатриска неврологија од Универзитетот Стенфорд му се придружи на тимот на Вонг како млад и перспективен член на персоналот.

„Го прашав неговото име и презимето ми звучеше многу познато“, рече Вонг. „Го прашав од каде е и тој ми рече дека е од Сан Хозе, Калифорнија и дека всушност е предвремено родено бебе во нашата болница“.


Љубопитноста на Вонг се зголемила и во еден момент таа едноставно го прашала. „Го прашав дали татко му е полицаец“, рече таа. Настана голема тишина, а потоа ме праша дали сум Вилма, а јас му реков да.

Мајката на Семинаторе го замолила да бара медицинска сестра по име Вилма, која се грижела за него во најтешките денови кога тој бил сè уште бебе и во критична состојба.


Текстот продолжува на следната страна

Страни: 1 2