Мажите со најпривлечни професии според жените



Претприемачите се мажите со најсексапилна професија според жените, покажува истражувањето на сајтот IllicitEncounters.com.


Причината е дека дамите ги сметаат оние мажи за креативни, кои преземаат ризици и се интелигентни. Питер Џонс, Ричард Бренсон и Мајкл Смит се едни од најомилените на жените претприемачи со кои размислуваат за иднината.

Банкарите и брокерите може и да имаат пари, но жените претпоставуваат дека мажите во оваа професија се премногу амбициозни, безмилосни и премногу безгрижни. Поради тоа тие најверојатно испуштаат помалку време на партнерката, ја прифаќаат здраво за готово и сметаат дека жената треба да им биде благодарна што ја добила нивната љубов.


На дното на листата се фудбалерите и политичарите кои се сметаат за луѓе со празна содржина, егоисти и со лоша репутација.

“Жените кои бараат нов партнер, сакаат маж кој ќе биде привлечен како внатре, така и надвор. Тие сакаат човек со кого ќе имаат емоционална и физичка конекција. Изгледа дека иако фудбалерите се привлечни на теренот, надвор од него повеќето дами не сакаат да имаат ништо заедничко со нив. Значи и покрај угледот и богатството, повеќето припаднички на понежниот пол ја сметаат ароганцијата и лошата нивна репутација за отвратителна”, изјави портпаролот на llicitEncounters.com Мајк Тејлор.


На другата страна се пожарникарите, кои се чини дека секогаш ќе бидат привлечни во женските очи. Тие се сметаат за храбри, загрижени и херојски и одговараат на внатрешната желба на секоја дама за шармантниот принц кој ќе дојде да ја спаси.

Лекарите исто така им се допаѓаат на дамите поради професионализмот и нивната мотивација. Со ликови како оној на Патрик Демпси во “Вовед во анатомија” и на Џорџ Клуни во “ER” не е чудо што позитивното мислење за лекарите преовладува меѓу жените.

Музичарите исто така ги посакуваат дамите, бидејќи се сметаат за мистериозни, креативни и уметнички.