Мажите кои се непогодни за брак



Дами, радувајте се, затоа што веќе има точен и конкретен профил на мажот, погоден за брачен живот. Овој совршен тип побрзо е изведен врз основа на мажите кои се наоѓаат непогодни за “долг пат”. Веќе има уредна листа на претставници на машкиот пол кои се несигурни за брачен живот, подготвени на база на лични карактеристики.


Листата на “непогодни за брак мажи” е резултат од долги набљудувања на Пет Конор, кој е мисионер, брачен експерт, роден во Австралија, моментно католички свештеник, кој работи во Њу Џерси, САД. Отецот е сигурен дека го знае одговорот на прашањето.

40 години отец Пет Конор консултира брачни парови, дава предбрачни совети, а водел и над 200 свадбени церемонии.


Конор е категоричен дека силната, длабока и сензуална љубов кон некого не значи дека заедничкиот живот со него ќе биде успешен. Затоа е нужно партнерите да поживеат подолго заедно пред да застанат пред олтарот, за да можат да се запознаат во детали и да го синхронизираат нашиот систем на вредности.

Според брачниот консултант листата на непогодни за брак мажи е следната:


1. Мажите кои стојат финансиски лошо

2. Мажите без пријатели

3. Мажите кои јавно ги понижуваат жените

4. Мажите кои се однесуваат грубо со келнерите

5. Мажи, неспособни да се исмејуваат со себе

6. Мажите кои не сакаат да ја споделат власта

7. Слабокарактерните мажи