Мажите кои нема да се оженат за вас



Ако барате г- дин Иден сопруг, тогаш може да бакнете неколку жаби додека се судрите со принцот, кој навистина ќе ве заслужува.


Покрај тоа, треба да знаете дека всушност постојат неколку типа мажи кои никогаш нема да се оженат за вас, без разлика какви адути ќе користите за да ги убедите дека сте идеална за сопруга.

Тоа едноставно се мажи кои никогаш нема да бидат подготвени да го преземат овој важен чекор или овој сериозен ангажман во тој конкретен момент, или во принцип.


Затоа најдобро би било да ги избегнувате овие претставници на посилниот пол и да не го губите времето непотребно со нив.

А еве и кои се овие типови мажи :

1 . Г -дин “Не сум подготвен за сериозна врска”

Ова е можеби најчестиот тип, кој никогаш нема да падне на едно колено и да ви предложи брак. Овој маж ја сака сериската моногамија – започнува врска, кога работите стануваат премногу сериозни, тој ја прекинува врската, а не долго после започнува нова итн. Овој човек едноставно не е подготвен да се врзе и нема смисла да се обидувате да го промените. Ќе изгледате очајна и ќе изгубите многу енергија, која може да се користи на друго место во животот

2 . Г -дин “Не сум ја заборавил својата поранешна”

Ова дефинитивно е тип на маж, кој треба да се избегнува. Овој човек сеуште е вљубен во поранешна девојка, дури и да не го признава. Тој секогаш зборува за неа, за нејзините хобија и интереси или за работите кои ги правеле заедно со неа. Овој човек сеуште има потреба од време за да го излечи скршеното срце. Тој дефинитивно нема да биде подготвен да се ожени за вас, освен ако не го направи за инает на бившата.

3 . Г -дин “Премногу сум фокусиран на кариерата”

Овој човек сеуште се обидува да постигне многу нешта во кариерата и е фокусиран главно на се што е поврзано со работата. Тој никогаш нема да има доволно време за вас. Постои еден вид на мажи кои размислуваат за создавањето на семејство едвај откако достигнат одредено ниво во својата кариера и веќе се чувствуваат реализирани и финансиски стабилни.