Кои жени ги сакаат мажите? Тоа е како прашањето “што сакаат жените?” – Најверојатно никој од двата пола не може да каже со сигурност.
Најчесто се одговара дека жените самите не знаат што сакаат, а љубовта на мажите поминува низ стомакот.
Факт е дека за да им се допаднат жените на спротивниот пол, тие вложуваат неверојатни напори. Шминка, фризура, потпетици, облека, исхрана, деколте, редовно посетување на козметички салон, во некои случаи дури и на пластичен хирург …
Но дали мажите навистина се импресионираат толку од изгледот?
Според информациите објавени во Woman’s Health, господата всушност до себе сакаат паметна и успешна жена.
Според анкетата на сајтот Match.com, мажите на средна возраст сакаат да се сретнат со жени кои се добро образовани, успешни во кариерата и имаат самодоверба со покриеност.
Според анкетата мажите дури немаат ништо против, жената да заработува повеќе од нив.
Сфаќањето дека тој мора да го направи првиот чекор, исто така е одамна застарен.