
Целиот организам, а со тоа и кожата, ги користи позитивните својства на оревот кога се јадат неговите јатки, но подеднакво и кога се користи маслото од нив. Тоа е богато со растителни влакна, омега-3 масни киселини и минерали важни за виталноста на кожата.
Спречува брчки
Се верува дека маслото од орев се користело против брчки уште во 17 век. Доста е мрсно и тешко, но ако се нанесува на кожата преку ден, помага да се намали изразеноста на брчките и го одложува нивното појавување.
Лекува инфекции
Маслото од орев е познато како лек против габни инфекции. Кандидата е една од инфекциите за кои се знае дека се лекува со масло од орев, и тоа со негово едноставно нанесување на инфицираното место. Маслото може да се измеша и со други растителни состојки против габни инфекции, како лукот, за да се зголеми неговата ефикасност.
Ги олеснува симптомите на псоријазата
Псоријазата е упорна и тешко излечива кожна состојба, која може да се олесни со масло од орев. Додајте од маслото во водата за капење или нанесете од маслото надворешно на местата од кожата зафатени со псоријатични наслаги.
Одличен извор на омега-3
Маслото од орев е познато како одличен извор на омега-3 масти. Затоа и се врзува со многу корисни својства против срцеви заболувања, некои видови рак и други кожни воспаленија како егзема и друго.