„Машката девојка“ – гордост за секој маж!



Нека се прецизира – машка девојка не значи мажествена жена. Машката девојка поседува женственост и сексапил, но и помалку од типично машките навики што всушност ги тера мажите да потонат до уши по машката девојка со која што излегуваат.

Да ве нарекуваат машка девојка е чист комплимент. А, за да ви излезе ова име, сигурно сте од оние кул жени кои пијат пиво со пријателите на нејзиниот дечко или сопруг, паѓаат по екстремните спортови, сакаат ризик, преферираат забавни машки друштва, мразат диети, а во исто време имаат одлична форма. Или поинаку кажано, машката девојка е сон за жена за секој маж.

Но немој да имате впечаток дека машката девојка е женкар и го изгубила својот сексапил. Таа носи фустани, но ги сака и удобните фармерки, маици, патики, ранци, шминка, но не поминува саати пред огледалото. Таа дефинитивно паѓа на парфеми и не се потпира на природната арома (како доста мажи, на пример), но не бара ни машка помош при секоја мала пречка.

Мажите ги обожаваат машките девојки и вистински се гордеат ако имаат таква до себе. Дури пријателите им завидуваат, бидејќи мажите, чија партнерка е машка девојка, се врзани, но не и врзани – излегуваат по машки, имаат свое време за машка забава и секогаш се враќаат со насмевка. Секој маж сака да се фали со достигнувањата во животот, а една машка девојка си е добра причина за гордост.