![](https://lady.mk/wp-content/uploads/devojka3.jpg)
Ова е момент на пребарување на автентичното кај нас, ќе треба да се соочиме со пречки, ќе треба да решиме различни загатки, со кои секој треба да го открие точниот одговор. Добро е да сме подготвени бидејќи спремни рецепти нема.
Во ова патување, сепак можеме да ја препознаеме вистината, потребното, со неговите тешкотии, незгоди, но и порази.
Секое напредување, осознавање, желба да се спротивставиме на одредени норми или очекувања на околните ќе не впушти навистина во една опасна и осамена авантура, но секој напор секогаш е награден, па било да е тоа насмевка или поддршката на блиски до нас луѓе.
Покрај непријателите со кои ќе се соочиме, судбината ќе ни испрати помошници и ментори кои ќе ни бидат водечко светло во лавиринтот на психолошкото или материјалното патување.