Порано сакав да давам
за еден ден кога мене ќе ми треба
и мене да ми дадат.
Давав љубов, насмевки,
убави зборови, шеги..
давав се што може со рака
да се подаде
и со уста да се изговори.
Давав, ама и очекував.
Колку повеќе давав
толку повеќе се разочарував,
а колку повеќе се разочарував
толку повеќе скржав станував,
оти бескрајно очекував.
Од цвет отворен што бев,
како трн исушен се сторив,
како школка затворена,
како ѕвер во пештера.
Верба во луѓето изгубив,
и во себе се затворив.
Решив ништо да не давам,
ниту насмевка, ниту љубов.
Зборовите убави ги пресушив
погледот го наострив
како сабја најостра и со неа се бранев јас.
Се бранев и од кого треба,
и од кого не треба.
Време поминуваше,
а душава се преполнуваше
и почна да натежнува
како вреќа со камења.
И тогаш дојде таа најмилата моја,
Господ ми ја прати,
дојде и ме просветли.
Таа моја светулка,
мила водилка,
до мене што сјае
како сонце најсјајно,
ме просветли и опамети.
И сега пак давам јас,
давам ама не очекувам.
Давам оти имам за давање
и на друг да му се најде.
Давам
збор за некого да го затоплам,
Давам
насмевка да го погали,
Давам
прегратка да го омекне
од крутост да не распукне.
А за возврат, не очекувам,
сега доволно ми е да раздавам,
оти кој дава на пресушува,
и во него нема што да натежнува.
Раздавање
Марко Виденовиќ – ЗБОРОВИ