Мали итрини за обемна и убава коса



Не претерувајте со количината на балсамот без миење, како и со различните серуми и кристали. Балсамите за коса создаваат впечаток за ретка коса, како и готовите маски.


Не користете фен

Моќниот млаз топол воздух е вистински шок за тенката коса, ја суши и го одзема сјајот. Кога сепак треба да користите фен, можете да го вклучите на најслабиот степен.


Заборавете за топла вода

Мијте ја косата секогаш со млака вода, користете производи за волумен, но повремено. Не купувајте шампони 2 во 1 . Ако користите производи со силикон или т.н. ” кристали “, никогаш не нанесувајте по целата должина, само на краевите е доволно.


Светли прамени во косата

Експериментирајте со неколку посветли прамени од основната боја на косата. Светлите прамени создаваат чувство на густа и подвижна коса. Не е задолжително купчињата да бидат руси. При тенка коса тоа воопшто не е препорачливо, затоа прашувајте ја за совет фризерката, која најдобро ја познава структурата на вашата коса.

Четка, а не чешел

Користете убава мека четка за коса. Чешелот ја тера косата да изгледа ретка и срамнета со земја. Четкајте неколку пати на ден, но не предолго – две – три минути се доволни.

Соодветна фризура

Соодветната фризура ќе даде волумен на вашата коса. Долгата коса изгледа ретка – па избирајте фризури со должина до рамената.