МАЛАТА РОМКА СИТЕ ЈА ОТПИШАЛЕ, А ИМА ПОГОЛЕМ IQ ОД АЈНШТАЈН!



Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малата Ромка патувала од едно до друго место и едвај одела во школо. Многумина би ја отпишале да не бил еден судбоносен ден.


Се` се случило случајно во школото Есекс во Велика Британија, каде девојчето делувало незаинтересирано за сите работи околу себе. Сепак, нејзините учители забележале дека е талентирана. И дале да полага тест и откриле дека има поголем IQ од двајцата генијалци Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Всушност, научниците тврдат дека спаѓа во групата од 1% најинтелигентни луѓе на планетата земја. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени поголем од на Ајнштајн.


– Нејзината интелигенција од секогаш беше очигледна. Решаваше математички задачи кога имаше две години. Таа вежба математика и сака глума, а во слободно време учи кинески, открила мајката.

Нејзиниот татко Џејмс има 36 години и работи како чистач и занаетчија.

Тој вели дека малечката е вистинска гордост за ромската заедница.

– Сите во заедницата сме горди на Никол, рекол таткото.

Девојчето во кое никој не верувал, сега добило повик од Оксфорд. Вели дека сака да студира медицина.

Просечен човек има IQ 100, а секоја цифра преку 140 се смета за генијалност.

Извор: попара