Мала тајна за убав потемен сјај на кожата



Ако постои брз и лесен начин да се чувствувате убаво без шминка, тогаш тоа е здравата нијанса на кожата.


И за да не мора да стоите изложени на сонце или да одите во салон за третман за потемнување, може да искористите чај.

Зовријте две шолји вода. Додадете 5 кесички чај (или 5 лажици) и оставете да отстои 20 мин.


Кога ќе се олади, ставете го во шишенце со распрскувач, влезете во када и испрскајте се каде сакате. Оставете да се исуши, па испрскајте пак.

Пуштете кожата целосно да се исуши, пред да се облечете.

Не само што ќе добиете прекрасен сјај, туку и вашата кожа ќе биде добро навлажнета и мека.