
По подолг период отсуство од манифестацијата, македонската држава оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.
По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата г-дин Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје.
Во продолжение испраќаме соопштение за јавноста и промотивни фотографии од македонската претставничка, која во текот на вчерашниот ден официјално замина на изборот Miss World. Од име на целиот организациски тим, однапред ви изразувам благодарност доколку веста биде споделена со вашите читатели, слушатели и гледачи, надевајќи се на силна медиумска поддршка за нашата убавица.


