
Македонија се движи по црвениот килим. Евровизиските фанови се тука за големото шоу. Прекрасно е чувството, со гордост го носам македонското знаме, напиша нашиот претставник за Детскиот Евросонг, Марија Спасовска.
Од утре започнуваат техничките проби. Македонија настапува под реден број 16. на 25.11.18 во недела. Гледајте го директниот пренос на МРТ од 16.00 часот и не заборавајте да гласате online на линковите кои ќе ги споделиме на 23.11 и 24.11