Мајки со синови, внимавајте



Последно истражување на научниците од Универзитетот на Торино покажува дека ако жената работи и има син, автоматски спаѓа во групата со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и од срцеви напади со фатален исход, објавија “Дејли мејл”, повикувајќи се на податоците од 8-годишно набљудување на 100 000 жени.


За причините за зголемениот ризик се знае малку. Можно е тие да се кријат во тоа што синовите немаат желба да им помагаат на мајките и да учествуваат во домашната работа. Ова доведува до дополнително оптоварување на жените.

Освен тоа синовите почесто се караат со своите родители.


Во истражувањето, повеќето жени работат, а 60% имале најмалку по едно дете. Сама по себе нивната работа не била штетна за срцето. Причината за поголемата предиспозиција кон кардиоваскуларни болести се должела само на присуството на синови.

Вработените мајки кои имаат најмалку две момчиња, повеќе од 2 пати почесто имале проблеми со срцето, отколку жените кои немаат деца. А присуството на девојки во семејството не се одразуваат на статистичките податоци.


Според соработниците на Универзитетот на Торино, ќерките имаат поголема поддршка од мајките и поретко ги тераат да бидат претпазливи.

Не е исклучено проблемот да се корени уште во периодот на бременоста. Повеќето големи момци создаваат дополнително оптоварување на срцето.