Mајка се шокираше откако откри како Германците ги воспитуваат своите деца



Како Американка во Германија, кога првпат отидов на игралиштето во Берлин, сосема полудев. Германските родители стоеја сите заедно на едно купче и пиеја кафе, додека децата се качуваа на високи и опасни лулашки.

Бев во шок, прашувајќи се каде се сите гумени подлоги, предупредувачки знаци за опасност и слично.


Јас речиси плачев додека викав: Внимавај! Немој! Германските родители наспроти нивната општа строгост, кон децата воопшто не се строги, туку свесни за големото значење на развојот на независноста и одговорноста кај децата.

Тие родители во паркот не ги игнорираат своите деца, туку имаат доверба во нив.


Ова се неколку работи кои може да се научат од германските родителиm пишуваат од segamk:

1. Не инсистираат децата да читаат

Во берлинските градинки нема академски очекувања од децата. Воспитувачките и родителите ме советуваа да не го форсирам детето да чита, дека тоа треба да го почне кога ќе дојде време, односно кога ќе тргне на училиште.

Во градинката е време за игра и друштвен развој. Но, дури и во прво одделение нема притисок и преголеми очекувања. Сè тече лесно и мазно.

Ако помислувате дека ваквиот начин на образование и развој не дава добри резултати, статистиките он некои истражувачки институти го покажуваат спротивното, бидејќи германските ученици покажуваат врвни резултати во многу научни области.

Страни: 1 2 3