Мајка му купила „Тоблероне“ на својот син: Погледнете каква скриена слика тој приметил на кутијата?!



Мајката Стефани му подарила на својот 9-годишен син чоколадо “Тоблероне”, меѓутоа, вниманието не му го одвлекло само вкусот на чоколадото туку и скриената слика која тој ја приметил на логото.

Имено, детето забележало дека на логото на пакувањето, покрај планината се гледа и мечка подигната на две нозе.

“Мојот син денеска за прв пат проба “Тоблероне” и ме праша зошто има мечка на него. Јас: “Која мечка?”. Денеска за прв пат дознав дека постои мечка на пакувањето на “Тоблероне”, напишала таа на Твитер, а потоа направила и мало истражување во кое дознала дека чоколадото потекнува од швајцарскиот Берн, познат и како град на мечките.