Љубовното писмо на Џони Кеш: “До најголемата жена која некогаш сум ја сретнал”



Љубовното писмо на Џони Кеш до неговата сопруга, е сметано за можеби најромантичното, напишано некогаш. Писмото е напишано во далечната 1994 година, кога Кеш го празнува својот 65-годишнен јубилеј.

До најголемата жена која некогаш сум ја сретнал …


„Ние навикнавме еден на друг. Ние мислиме подеднакво. Ги читаме меѓусебно мислите. Знаеме од што другиот има потреба, без да прашуваме. Понекогаш сме иритирани еден од друг. Но, од време на време, како денес на пример, јас размислив за тоа и сфаќам дека сум среќен што можам да го споделам својот живот со најголемата жена која некогаш сум ја сретнал. Ти сеуште ме инспирираш и поробуваш. Ти ми влијаеш да бидам подобар. Ти си објектот на мојата желба, ти си број еден причина за моето постоење на Земјата.

Те сакам толку многу!“