Овен
Целиот месец ќе биде исполнет со љубов и романтични моменти кои долго ги чекавте и кои многу ќе ви годат. Ситуацијата станува уште поубава во другата половина на месецот кога дел од родените во овој знак конечно ќе донесат одлука да стапат во брак.
Некои Овни може да запознаат личност со која активно ќе комуницираат на сите животни теми и ќе откријат дека одлично се согласуваат. Тоа ќе ве привлече и може да се отворите за емотивна, реална врска.