Loading...

Љубов помеѓу колеги – да или не ? Ако немате врска и го читате ова на работно место погледнете наоколу


Ако немате врска и го читате ова на работно место, погледнете се. Идниот брачен другар може да седи некаде околу вас.
До неодамна многу компании не сакаа да постои врска помеѓу нивните вработени. Од истата причина, брачните парови не се дозволени на едно работно место.

Несаканата љубовна врска која беше табу тема во минатото, денес се смета дека ја зголемува мотивацијата на вработените и дури се промовира.

Статистиката покажува дека 56% од луѓето имаат врска со човек од службата. Тоа не треба да ве зачудува. Ако помислиме колку време поминуваме со своите колеги, ќе сфатиме дека е нормално да се разгорат искри. Формирањето на поблиски врски помеѓу колегите е неизбежна.

Со овој човек имате заеднички интереси и теми на разговор. Немате толку прилики да сте љубоморни, бидејќи работите заедно. Не се грижите од работните забави. А што поубаво од тоа, да си со саканиот маж постојано ?

Кога си вљубен, сè е розово. Но да се размислува за моментите на скандали. Тоа сигурно нема да ве мотивира и ќе го отежни работниот процес. А ако се разделите ? Како ќе се одрази ова на работата. Или ќе барате нова таква …

Љубовните врски не се нешто лесно. Помеѓу колеги или не, секогаш е комплицирано. Не плашете се да уживате! Тоа е смислата на твоето постоење. Кога животот ви е кон својот крај, нема да мислите колку пари сте заработиле, или како сте се справиле во бизнисот. Тогаш е важно дали сте љубеле и дали вас ве сакаат. И колку време сте потрошиле со своите најблиски.