
Љубов никогаш нема да те напуштам. Тоа беше последната реченица. Последни зборови со кои се збогуваше. Како да знаеше дека повеќе нема да се врати. Како да чувствуваше дека тука е крајот. Беше една бурна ноќ. Ноќ која силен ветер го носеше градот, а тој цврсто ме зема во прегратки и ми кажа не плаши се, тука сум, никогаш нема да те напуштам. Таа ноќ, страшна ноќ, таа бура ми го зема него. Ми го зема од мене. Не раздели. Ноќ која ме уништи. Како се уште да му го слушам гласот “мила дојде време да си одам, спиј ти имај слатки соништа, се гледаме утре те сакам”. Зборови кои одвикнуваат, срце кое плаче. Зошто те пуштив, зошто. Бура која те откраде од мене. Бура која ми направи рана која нема да зарасне. Рана која крвави секој ден повеќе. Љубов. Болка.Си отиде. Ме остави. Ѕвездата која сјае горе на небото си ти, знам. Ме гледаш, ме чуваш, но ми фалиш премногу. Ти си мојот ангел чувар.
Те сакам, се гледаме во бесконечноста.
Автор: Ангела Пецанова