Љубов на прв поглед – мит или реалност???



Дефиниција: Како што всушност говори и самото име, љубовта на прв поглед се случува кога се појавува страст и копнеж во првиот миг кога ќе погледнете во непознатиот човек.


Љубовта на прв поглед во минатото: Во минатото се верувало дека тоа е всушност привремено лудило или игра на боговите. Тој што ја примил љубовната стреличка од Ерос или Купидон во своите очи, го заразувал срцето на другиот. Во тој момент се создавала магичната зависност на еден од друг.

Примери: Љубовта на прв поглед им се случи и на Romeo и Juliet во драмата на William Shakespeare, на Homer Simpson и Marge Simpson во цртаната серија The Simpsons и на неповторливите Noah и Allie во филмот The Notebook. Но, сигурно ѝ се има случено и на некоја од вас.


Прекинете со читање за момент и пуштете ја песната Love At First Sight на Kylie Minogue. Овој пат слушајте ја од друг агол. Фокусирајте се на зборовите кои се кријат во стиховите, а особено на нивното значење.

Дали е реална љубовта на прв поглед? Ние мислиме дека е реална, сепак станува збор за посебна љубов која доаѓа од Бога. Ќе се согласите дека тоа не се случува секој ден и не секој ја има привилегијата да ја искуси.


Еден поглед, една секунда и вашето срце знае дека тој човек е за вас. Тој се залажува дека сигурно се работи само за хемија, само што не може да ве извади од глава. Доволен е вашиот глас за целиот да затрепери.

Да, таа љубов постои и се случува, но само вие можете да го осудите нејзиното постоење. Постојат две опции, или ќе прифатите да бидете дел од избраните што ќе уживаат во сензационалното чувство или ќе се откажете бидејќи немате храброст да им верувате на сопствени чувства.

Всушност и психолозите велат дека љубовта на прв поглед се случува, особено им се случува на луѓе што копнеат по љубов. Тие велат дека се потребни само 30 секунди за да се заљубите. Исто така потврдуваат дека мажите се тие што први се заљубуваат. Можеби тоа е и причината зошто љубовта на прв поглед е осудена на неуспех. За жал, мажите, со исклучоци, не веруваат во бајки, а камоли да бидат дел од некоја.