Lotus Design Store ја продолжува соработката и промовирањето на македонските брендови



На дизајнерско модно шоу во “Lotus Design Store”модиот перформанси на Елена Спасовска, Мата 4 сезони, Леуард Лека и Лудус ги презентиаа нивните нови колекции за пролет/лето во “Lotus Design Store”

Со модниот перформанс на Лудус, одпочна презентирањето на новите колекции Пролеп/Лето 2015 на дизајнерите од концептуалната продавница Лотус Дизајн стор во Скопје сити мол.

Дизајнерот Драган Христов за неговиот бренд “Лудус”веке неколку години успешна кариера дискретно во својот круг на клиенти и пријатели ја Презентираше неговата експерименталната колекција “Орландно“, која е резултат од истражувањето на АГЕНДЕР-БЕЗРОДОВА облеката.

Дизајнерката Марта со нејзиниот бренд 4 Сезони веќе подолго време работи вредно позади очите на јавноста, но сепак нејзината облека ги полни плакарите на нејзините верни муштерии. Овојпат со нејзината колекција Мирис го исполни холот на Сити мол со лелеави форми, графичи текстури на цветови и пејсажзи.

Gosti 4

Потоа го проследивме дебитантот Леуард Лека, кој смело во еден авангарден начин ни ја приближи урбаната силутета во неговаа машка колекција “Limited Urban”. Концепциски заокружено со белата боја, црни и метални детали, младиот дизајнер успешно ја презентираше својата машка колекција пролет/лето .

Шоуто го затвори дизајнерката Елена Спасовска, со колекцијата “Математика”. Колекцијата пролет/лето 2015 е изразена преку елегантната женска силуета преку математики пароли и геометриски форми изработена од лесни и природни материали со графички текстури, докажаната Елана  Спасовска прати повеќе логички и нелогички математички трансаренти како и една порака за подршка #поздрав пленумци

Elena 2 Elena 3

Модните перформанси се случија во одлична атмосвера подржана од пријателите на модата, модните критичари и љубопитните минуваши во молот

Колекциите пролет-лето 2015 од ова дизајнерско шоу, заедно со колекциите на Росица Мршиќ, Ирина Тошева веќе се изложени во “Lotus Designer Store” во Скопје Сити мол на вториот кат.