Од лично искуство од бракот со Трпе, Трпана ги открива советите за успешен брак:
1.Три пати неделно ме носи на бурек да ме расположи.
2.Попладне никогаш не спиеме заедно, тој спие на каучот во дневна, а јас бришам прашина и мијам садови.
3.Секој месец кога ќе земе плата, ме носи да ми купи подароци, како детергент за садови.
4.Јас сум родена во ноември за роденден ми купува дрва, додека јас ги внесувам тој ме чека во дневна.
5.Тој води сметка за мојот изглед и како добар сопруг пази на мојата линија и ме тера да држам диета за да изгледам подобро, затоа стави катанец на фрижидерот за да не доручкувам. Таков е мој Трпе, модерен маж па води сметка и за жена му да изгледа модерно.
Страни: 1 2

Категорија: