Лесно до магични нокти



Овој лак за нокти познат како Shаtter, чие заштитно лице е поп-пеачка Katy Perry првенствено е откритие на познатиот бренд OPI. Toj е навистина магичен, и од аспект на тоа како стои и од аспект на тоа како делува. Додека се суши, тој се распукува низ целата површина на ноктот и дава уникатна текстура налик кора на дрво.




Можеби на некој и не му се допаѓа како изгледа, но мора да признаете дека е навистина креативно дело и што е најважно, заштедува доста време и пари. Наместо да одите на маникир или пак вие самите со саати да се измачувате за да направите уметност од вашите нокти, овој лак самиот ќе направи неверојатни облици. Не очајувајте доколку не сте во финансиска можност да го набавите токму овој бренд на лак. Во нашите продавници и парфимерии има да се најде истиот тип на лак и од други брендови со доста пониски цени. Го има во најразлични бои, но најмногу ви го препорачуваме црниот. Еве колку едноставна е неговата примена:

“Магичен” лак за нокти


– Најдолу ја нанесувте вашата омилена нијанса на лак и чекате убаво да се исуши за да може овој лак ефективно да делува и да не останат празни делови на вашиот нокт по неговото нанесување. – Потоа, одозгора  брзо го нанесувате овој лак, бидејќи за момент се суши. И, погледнете магија! Тој ќе се разбие во безброј делчиња меѓу кои ќе се гледа нијансата која претходно сте ја нанеле.

– Најодозгора, со цел ноктите да бидат помазни, поубаво да изгледаат, нo и да траат со недели, нанесете безбоен лак. За само да не си замислувате како ова би изгледало, погледнете го видеото. Како што ќе забележите, за подобар ефект препорачливо е лакот што го нанесувате најдолу на ноктите да биде бел или црн.