Лесни трикови: Како да ги искористите кратенките на тастатурата



Многу од компјутерските професионалци работат со извонредна брзина, бидејќи знаат како да користат кратенки со тастатурата. Сакате и вие да ја подобрите својата брзина? Еве неколку трикови кои ќе ви бидат од корист!

1. Додадете обележувачи – може да го направите ова со притискање: PC: Ctrl + D Mac: Apple key + D

2. Избришете засекогаш – Ако една датотека веќе воопшто нема да ви биде од корист, наместо да ја испраќате во recycle, избришете ja веднаш еве така: PC: Shift + Delete

3. Затворете го прелистувачот – Дали во канцеларијата влегува шефот или пак читате озборувања во некој сајт, а сопругот ве мрази оваа ваша страст, добро ќе е да знаете како веднаш да го затворите прелистувачот. PC: Alt + F4 Mac: Ctrl + Q

4. Имате многу прозорци на компјутерот, а сакате брзо да добиете пристап до работната површина. Како? Еве: PC: Window key + D Mac: F11

5. Откријте датотеки и папки и престанете да барате на бавниот начин. Постојат полесни пристапи: PC: Window key + F Mac: Apple key (see right) + F

6. Зголемување или намалување на големината PC: Ctrl + scroll mouse wheel Mac: Apple key + plus sign; Apple key + minus sign

7. Отворете затворен таб на прелистувачот. Дали некогаш ви се случило да затворите нешто без да сакате таб? PC: Ctrl + Shift + T Mac: Apple key + Z

Страни: 1 2