Лесни начини да ја исфрлите депресијата



На секој човек му се случувало да има лоши денови, понекогаш недели, а понекогаш дури и месеци. Иако 20-те години на човекот се безгрижни и исполнети со разновидност и веселби, токму младите луѓе запаѓаат почесто во депресивни состојби.


Од една страна тоа може да се должи на нивната поголема емоционална ранливост и од друга – на фактот дека тие постепено се соочуваат со светот на возрасните луѓе и нивните одговорности.

20-тите години се исполнети со промени, лош сон, нездрави навики во исхраната и стресот, кои лесно можат да доведат до чувство на депресија. Значи, ако мислите дека лошите денови ви се зголемуваат, важно е да имате план за акција.


Клучот е да се запамети дека вие имате активна контрола над својот живот. Еве ги малите промени кои ќе ве натераат да се чувствувате подобро дури и во обичното секојдневие:

1. Насмевки. Колку и да ви звучи апсурдно, пробајте го следново нешто: веднаш откако ќе се разбудите, одете пред некое огледало и насмевнете се. Направете го истото неколку пати во текот на денот. Ќе забележите дека вашето расположение навистина ќе се промени. Научно докажано е дека само движењето на одредени мускули за време на насмевката, го стимулира доброто расположение. Насмевката е физиолошка реакција која влијае врз одредени области на мозокот, кои се одговорни за најсреќните сензации.


2. Хербални суплементи. Постојат многу мудрости во источната медицина, вклучувајќи го нејзиниот фокус врз лекувањето на целото тело. Хербални суплементи му помагаат на организмот да функционира подобро, што пак му помага да се излекува по природен пат. Делувајте со корен од афион или кантарион. Афионот е одлично средство за борба со стресот, а за жолтиот кантарион е докажано дека е исто толку ефикасен како антидепресивите за лесни и умерени нивоа на клиничка депресија.

3. Пијте зелен чај. Тој е познат по своите смирувачки и релаксирачки активности, и докажано е дека го подобрува расположението. Истражување покажува дека потрошувачката на зелен чај доведува до големо спокојство, внимание и повисоки нивоа на добро расположение.

4. Вежбајте и медитирајте. За спортистите се знае дека имаат зголемени нивоа на енергија и расположение. По неодамнешните студии, станува јасно дека човек може да ги почувствува предметните придобивки од физичките вежби по само пет минути. Медитацијата од друга страна го намалува нивото на хормонот на стресот кортизол, кој е главен поттикнувач на загриженоста.

5. Обидете се со моќта на позитивното размислување. Без разлика дали верувате или не во силата на позитивното размислување, ништо не ви пречи да се обидете. Се што треба да направите е да се фокусирате на позитивните аспекти на вашиот живот. Како што Хенри Форд мудро рекол:

„Човекот кој мисли дека може и човекот кој мисли дека не може – и двајцата се прави. Кој од двајцата сте вие? “. Ако ја фокусирате целата своја енергија на негативност и она што не можете да направите, вие навистина нема да успеете. Затоа користете ја силата на мислата, но во позитивна насока.