Лесна чоколадна торта со костени



Тортата се прави брзо и едноставно и со сигурност ќе ви стане омилениот сладок оброк.


Ако сте огромни обожаватели на слаткото, тогаш ова е есенската комбинација за вас:

Потребни состојки:


6 јајца
80g шеќер
2 супени лажички какао
60g пченично брашно
5 супени лажички млеко
За крем:

150g пире од костени
300ml крем
300ml млеко
1 крема за колачи од чоколадо
100g чоколадо
Начин на подготовка:


Во еден сад ставете ги жолчките од јајцата и шеќерот, па со помош на миксер измешајте ги додека не се соединат. Потоа додајте го какаото промешано со брашното. Белките од јајцата лесно вмешајте ги во смесата.

На дното од калапот за торта ставете хартија за печење, а потоа добро премачкајте со путер. Во калапот, додајте ја подготвената смеса, измазнете го тестото и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го во калапот да се лади, а потоа распрскајте го млекото врз него.

Пирето од костен разредете го со 100ml крем.

Земете сад во кој ќе ги ставите ладното млеко, остатокот од слаткиот крем и кремот за колачи од чоколадо, па мешајте со миксер додека да добиете еднолична смеса. Потоа додајте го стопеното чоколадо и пирето од костен.

На веќе изладеното печено тесто, додајте го кремот, а потоа оставете ја тортата да се олади.

Украсете со шлаг или чоколадни трошки.