Лекциите кои секој татко треба да ги даде на својата ќерка



Најголемиот дар, кој секој татко може да го даде на своето дете – девојче или момче, е да верува во него. Таткото ја игра единствената улога во животот како на својот син, така и на ќерка си. Ние ќе го разгледаме вториот случај.


Во детските години тој е нешто како супермен во очите на малото девојче, а подоцна тој и го покажува она што претставува „вистинскиот маж” и најважно од се, ја учи како да комуницира самоуверено и со достоинство со претставниците на спротивниот пол. Покрај тоа таткото е првиот маж во животот на неговата ќерка и затоа е должен да и ги даде следниве важни лекции за животот:

1. Тој треба да ја научи дека таа е многу посебна. Секој човек е посебен, но уште поважно е да се сфати овој факт. Таткото треба да и помогне на ќерка си таа да го открие својот идентитет во животот и да разбере во што е  она посебна и единствена. Секој татко треба да и кажува на својата ќерка дека таа е најубава и најпаметна дама во светот. Тој треба да ја сака и цени и да се гордее со неа.


2. Тој треба да ја убеди дека таа го заслужува најдоброто во овој живот. Секој татко се надева неговата мала принцеза да го добие најдоброто од овој свет. Но не секој татко се сеќава, дека треба да се обиде да ја подигне самодовербата на својата ќерка и да ја натера да верува дека заслужува почит, љубов и благодарност. Покрај тоа, тој мора да ја научи да цени и да ужива во моментот, а не вечно да биде опседната од гонење на недостижни работи.

Страни: 1 2 3