
Ако имате испукани петици и кремовите не ви помагаат, пригответе си домашна маст со рендан морков и масло. Бета каротинот во жолтиот и портокаловиот зеленчук ја храни кожата и помага да се опорави, велат од Градина.мк.
Исецкајте 100 грама моркови и ставете ги во стаклена тегла. Додадете половина литар масло. Затворете ја теглата и ставете ја на темно место.
После 10 дена исцедете ја течноста. Добро е убаво да ги стиснете морковите . Со добиената маст нанесувате на потпетиците секоја вечер пред спиење .
Задолжително облечете чорапи, за да ја загреете предницата – така кожата ќе може полесно да ги преземе корисните материи.