Леб што не се меси: Како да ја направите познатата чијабата?!



Вкусно и крцкаво лепче што не се меси. Во Италија овој леб е познат како чијабата.


Состојки:
• 500 гр брашно
• 1/2 свеж квасец (20 гр)
• 1 кафена лажичка сол
• 300 мл вода
• 1/2 кафена лажичка шеќер

Подготовка:
.Во пластичен сад се ставаат сите состојки. Со дрвена лажица се замешува неколку пати, додека сите состојки не се соединат. Најтешкиот дел од работата е завршен:)
.Пластичниот сад го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои од 10-12 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.
.По 12 часа тестото е спремно за печење. Уклучете ја рерната на 200°C и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее.
.Кога садот е загреан, лебот се префрлува во него и се пече 30 минути на 200°C со поклопец и уште 15 минути откриено.
.Лебот треба да се лади минимум еден час за да биде крцкав и лесен за варење.