Лансиран новиот Schweppes Pink mixer style




Новиот пијалак од линијата миксери на Schweppes – Schweppes Pink Mixer Style и официјално е лансиран на пазарот. Нуди една нова димензија во светот на миксологијата. Овој миксер се одликува со карактеристична бледо розова боја, суптилен вкус на шумско овошје и кинин и секако, препознатливите освежителни меурчиња на Schweppes.

Миксологијата покажува дека внесувањето поинакви вкусови и експериментирањето носат нов квалитет и возбуда и при миксањето и при консумацијата. Оние што викендов го пробаа Schweppes Pink Mixer Style потврдија дека тој претставува одлична подлога за различни коктели кои имаат за цел да го покажат нашиот карактер во вистинско издание.


Токму тоа го објаснува и нашиот најдобар бармен Филип Арнаудов, кој повеќе од 17 години креира коктели за Schweppes: „Schweppes Pink Mixer Style во микс не е доминантен и добро се поддржува со кој било алкохолен пијалак. Кај него, суптилно се чувствува освежителен вкус на шумско овошје и кинин кој го нагласува секој алкохолен пијалак давајќи му карактеристичен Schweppes шмек. За разлика од останатите миксери од сличен вид, Schweppes Pink Mixer Style содржи двојно помалку калории, така што може вистински да уживате во него и претставува идеален за миксер и со алкохолен и со безалкохолен пијалак”

Специјално за оваа пригода, Филип Арнаудов подготви неколку нови коктели кои како подлога го вклучуваат Schweppes Pink Mixer Style: Gin & Pink mixer style, Morning Pink, Pink Mexican и Pink Passion. Овие коктели нудат микс од ноти и суптилно создаваат свет на вкусови од кои едноставно не сакате да се ослободите. За сите оние кои сакаат и во домашни услови да уживаат во новите можности кои ги нуди Schweppes Pink Mixer Style и да ги изненадат своите гости со едно поинакво искуство, препорачуваме да го подготвите Pink Passion коктелот за кој ќе ви бидат потребни: Schweppes Pink Mixer Style, водка, passion fruit сируп, џус од лимон и парчиња лимон и лимета.


Промоцијата на Schweppes Pink Mixer Style се одвиваше во познатиот кафе-бар Моsh со впечатливи Schweppes содржини. Публиката ја забавуваше диџеј Мартин, а одличната атмосфера ја надополнуваа разните изненадувања наменети за гостите.