Купете онлајн пакет Ладна и добијте подарок сложувалка



Летото започна, а високите температури ќе се задржат и во наредните неколку месеци, што значи дека е вистинско време за да се осигурате дека во вашиот дом ќе имате здраво освежување во секое време. И токму во вистински момент, онлајн продавницата MagStore месецов започна нова продажна акција – за секој купен пакет Ладна од 1,5l, купувачот ќе добие подарок сложувалка илустрирана со детски цртеж.


Дизајнот на сложувалката е инспириран од традиционалниот детски ликовен конкурс на Ладна. Се работи за четири различни сложувалки илустрирани од двата најдобро оценети цртежи во двете категори на минатогодишниот детски ликовен конкурс.

Искористете ја оваа можност да добиете сложувалка со делата на младите уметници Јана, Александра, Лина и Александар! Посетете ја веб страната МagStore.mk, нарачајте го вашиот пакет и подгответе се за топлото лето.


Природната изворска вода Ладна е совршена за секојдневно консумирање. Таа е идеалниот придружник на секоја ваша активност, бидејќи е тука да го освежи вашиот ден и да ви понуди помош во совладувањето на високите температури и долгите патишта кои стојат помеѓу вас и вашата следна летна авантура.