Крем карамел – десерт од префинетите француски ресторани



Овој крем карамел е вистинско совршенство за сите љубители на слатките. Со богатиот вкус на карамелата, овој десерт, за чие правење се потребни само три состојки, е лесен за приготвување, а притоа е неверојатно вкусен.

Состојки


• 4 јајца

• 125 гр. шеќер
• 1 дл. вода
• 1дл. млеко
• ванила


Подготовка

Додајте 100 гр. шеќер во вода на оган и мешајте ја смесата додека не се растопи. Откако ќе се растопи дајте време на смесата да се карамелизира, по што ќе ја префрлите карамелата во длабок сад по завршената карамелизација.

Потоа изматете ги јајцата со остатокот од шеќерот. Загрејте млеко со ванила, по што ќе ги додадете изматените јајца. Мешајте додека смесата не се соедини.

Во мали калапи ставете карамел, а врз нив ставете од смесата со јајца. Малите калапи ставете ги во поголем плех во кој ќе ставите вода која би требало да биде до половина на калапите со карамела и крем.

Испечете ги на 170 степени Целзиусови 45 минути. Оставете добро да се оладат и внимавајте при вадењето од калапите.

Уживајте!