Loading...

Крај на брчките! Ова се топ 5 домашни маски за подмладување


Стара вистина е дека природата е најдобар помошник на младоста и убавината. Таа крие вистинска магичност, со кои можеме да ја вратиме свежината и сјајот на кожата.

Еве 5 од нив, со кои лесно да се каже збогум на брчките и кои искрено можеме да ги наречеме еликсири на младоста.

1. Банана маска

Смело може да се каже дека домашната банана маска успешно го заменува ботоксот и лифтингот. Применета врз лицето, таа освежува, пегла и ја омекнува кожата. Земете банана и нанесете ја маската од неа на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Измијте со ладна вода. За одличен ефект, користете ја оваа маска еднаш неделно.

2. Рузмаринова тинктура

Рузмариновата тинктура лесно може да се приготви дома. Влијае исклучително благотворно врз кожата, и ја прави повеќе еластична, цврста и нежна. Тaа ги пегла дури и најтврдоглавите брчки.

Се меша со 3-4 садници свеж рузмарин со чаша бело вино (за сува и нормална кожа) или со чаша вотка (за мрсна кожа). Ставете ја смесата во шише или стаклена тегла. Протресувајте ја на секои два дена. По шест недели исцедете и користете ја секое утро и вечер. Протријте го лицето со памук натопено во тинктура. Третирајте во текот на месецот и сами ќе почувствувате благотворен ефект, не рузмариновата тинктура. Чувајте ја на ладно и темно место.

Страни: 1 2