Козметика која апсолутно не ви е потребна



Дерматолозите направија список од пет производи што се сосема непотребни и бескорисни. Ем ќе заштедите пари, ем ќе си ја спасите кожата од непотребните хемикалии.


ТОНИК

„Само трошење време и пари“ -смета дерматологот Лесли Бауман. Тониците се измислени, бидејќи препаратите за чистење лице оставаа лизгава трага на кожата.


Современите препарати за чистење толку напреднале што тониците слободно можат да одат во заборав.

МАСКА ЗА СТАПАЛА


Бескорисен производ. Ако сакате да имате меки петици и стапала, одете на козметичар на педикир и мачкајте се редовно со мрсни креми.

СЈАЈ ЗА УСНИ

Балсамот е доволен за вашите усни да бидат меки и сензуални. „Користете балсам или гроздова маст што почесто, а ако ви пречи вишокот маснотии избришете го со хартиено марамче“, советува Емили Кејт Ворен, стручњак за декоративна шминка.
КРЕМИ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Не постои лосион, крем или пена што ќе ви помогне да се ослободите од целулитот. Тоа е последица на начинот на исхрана, а најважно е да пиете доволно течности и да вежбате за да се ослободите од кожата како кора од портокал.
КРЕМ ЗА ВРАТ

Вратот третирајте го исто како лицето: ставајте хидратантен крем со заштита од сонце секое утро, а навечер ставајте крем со ретинол.