Козјото сирење



Козјото сирење е храна со древнa историја, за која се претпоставува дека е изведено во регионот на Европа, Централна Азија и Блискиот Исток околу 8000 година п.н.е, велат од gradina.mk.


Според извештаите, откриени во египетска гробница, првото сирење се појавило околу 2000 година п.н.е. и веројатно била со структура на солидна урда, какви што се саламурените сирења денес на Балканот. Но, за разлика од произведеното во Блискиот Исток – сирењето од Европа, каде што климата е поладна, бара помалку сол за конзервирање и станува погодна средина за корисни микроорганизми и мувли.

Во 100 г козјо сирење се содржат 90 килокалории.


Козјото сирење е многу богато со корисни млечнокисели бактерии. Козата се храни со свежи и млади ливчиња, гранчиња, овошје и цвеќиња. За разлика од другите тревопасни кози таа ја јаде тревата дури до корените, каде е истовремено слатка и кисела, што му дава карактеристичен вкус на козјото млеко.

Млечните бактерии во козјото сирење го попречуваат развојот на патогени микроорганизми. Кога даваме козјо сирење на мали деца, добро е да се има предвид дека тоа е силен алерген, иако за козјото млеко се вели дека е најблиску до млекото како состав.


Страни: 1 2