Корзика – островот што измамува воздишки



Корзика има плажи за љубовниците, авантури за нуркачите, историја за љубителите на културата.


Овде пространите брегови се комбинирани со убавината на планините, ќе најдете многу активности

за вашето тело и богата разонода на вашиот ум.



 

Истурена во Медитеранот како непробојна тврдина, Корзика наликува на минијатурен континент со неверојатен географски диверзитет. За само половина час возење од брегот, овој пејсаж се менува од светликави заливи, крајбрежни градови и фантастични плажи, во остри врвови, преубави долини, густи шуми и магични села. Сценографијата која се отвора внатре во островот постојано ќе ве мами да го употребите својот фотоапарат.

 

 

Иако Корзика официјално е дел од Франција повеќе од 200 години, таа е многу поразлична од оваа земја речиси по се’: од обичаите до кујната, јазикот и карактерот, и тоа е само дел од нејзините магии.

 

 

Уживајќи помеѓу портокаловите и огнените бастиони на своите цитадели од 15-ти век и светликавите заливи во облик на месечината, Калви е поблиску до префинетост на француската ривиера, отколку до историските корзикански пристаништа. Богатите јахти и приватни крузери се борат за простор на овие пристаништа, наредени со кафулиња и таверни, додека високо над нив се гледаат кулите за набљудување од градот, од кои има навистина прекрасен поглед. Калви е едно од најпопуларните туристички места, а во текот на летото овде е најголемиот метеж.

 

 

Гордоста на западниот брег, приморскиот град Порто се протега на основата на густо пошумена долина. Во текот на летната сезона ова место е преполно со луѓе, додека во текот на зимата наликува на град на духови. Ова е совршена локација за летување и одмор, а овде се наоѓа и марината заштитена од УНЕСКО ”Reserve Naturelle de Scandola”.

 

 

Прекрасните крајбрежни рибарски села и малите населби расфрлени по брдата гледаат кон кулите, карпите и планините. Бидете подготвени за авантури доколку доаѓате овде, иако островот е долг само 40 километри. Тој нуди се’ што може да помислите и ќе бидете воодушевени.