Високото ниво на и недостатокот на физичка активност се новиот предизвик со кој сите се соочуваме, поради ново настанатата состојба. Затоа од особена важност е максимално да се трудиме да бидеме физички активни, како главен лек против стресот и колку толку да се обидеме да го компензираме недостатокот на активност. Прошетките во природа се најдобра компензација и најделотворни во вакви вонредни услови. Докажано е дека со пешачење во природа и самата изложеност на кислород делуваме делотворно во постигнување на баланс на нашиот нервен систем, а со тоа го анулираме стресот и ги спречуваме сите нус појави кои можат да се јават од истиот. Затоа е важно да го искористиме секој момент за кратка прошетка во природа или опуштање во најблискиот парк. Доколку редовно практикуваме спортување како џогинг или брзо одење, ново настанатата состојба не треба да не одвраќа од ваквите активности, туку треба дополнително да не мотивира да се обидеме да најдеме момент за нас и на тој начин да се грижиме за нашето здравје и ослободување од стресот.
Треба да бидете свесни дека напнатоста и стресот кој го предизвикува моменталната состојба се главниот причинител за вознемирување периферниот нервен систем, како што се болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки. Затоа посветете се на вашето здравје и постојано трудете се да правите се што е потребно за да ги спречите ваквите нус појави и да се грижите за вашиот нервен систем. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку , со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка.